И партијата на Панчо Минов ќе “грми“ со Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Кавадарци Панчо Минов и неговата граѓанска опција за Кавадарци се приклучуваат кон опцијата „Гром“ на Стевчо Јакимовски.

Ова беше соопштено синоќа кога лидерот на Граѓанската опција за Македонија со своите најблиски соработници дојдоа во Кавадарци да се сретнат со нивните поддржувачи.

Минов посочи дека ја избрал опцијата на Јакимовски оти не била ниту лева, ниту десна туку граѓанска и се залага за граѓанските вредности.

- Кавадарци одамна е на маргините на централната власт иако располага со стопански ресурски вреден народ во лозаропроизводството и винскиот бизнис. Ќе се залагаме тоа да се промени, но најпрво мораме да станеме парламентарна партија, рече Минов.

На средбата во салата на Домот на културата претседателот на иницијативниот одбор на партијата Јакимовски го најави првиот конгрес за во септември кога ќе биде и објавена партиската програма. 

најчитано сега