Емина ја откри вистината за својот однос со сопругот и признава...

Поп пејачката Емина Јаховиќ до сега истакна дека ужива во бракот со турската ѕвезда Мустафа Сандал кои освен брачната постела заедно ги делат работните ангажмани. 

Имено, Емина и Мустафа неодмана снимија уште една заедничка реклама.

- Ние двајца сме извежбани. Прво ми беше срам од него како да се однесувам во реклама бидејќи јас кога сум сама си позирам како сакам, но кога тој е тука некако премногу се стегам, рекла Емина во емисијата „Ексклузив“.

Таа додава дека за нејзиниот успех е најзаслужен нејзиниот сопруг

- Мојот сопруг во животот ме научи на се бидејќи него го запознав кога имав 21 година. Околу работата тој ме научи на се бидејќи ништо не знаев, тука не се работи само за телент туку и за искуство. Тој е постар од мене 12 години. Многу научив, научив како да се однесува со медиумите, како да се однесувам со луѓето, рекла Емина која вели дека е доволно само Мустафа да погледне и да и биде јасно дека „ тоа е тоа“. 

10.11.2014 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега