Почна постапката за одземање на мандатите на пратениците на СДСМ

Почна постапката за одземање на мандатите на пратениците на СДСМ, дознава Press24 од собраниски извори. На последната координација на координаторите на пратеничките групи со спикерот Вељаноски и потпретседателите на Собранието која туку што заврши, собранискиот секретар е задолжен до понеделник да изготви извештај за присуството на седниците на сите 23 пратеници. 

На координацијата присуствувале координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА.
Овој чекор е почеток на постапката за одземање на мандатите на пратениците на СДСМ. 
Откако ќе биде изготвен извештајот, Вељаноски треба да ја задолжи комисијата за мандатно имунитетни прашања да решава за отсуствот на пратнеиците на СДСМ. Доколку Комисијата донесе одлука за одземање на мандатите, таа ќе биде ставена пред пратениците на пленарна седница, а за една оставка да биде прифатена потребно е двотретинско мнозинство.
Пратеницие на СДСМ се во бојкот уште од конституриањето на Собранието. Тие веќе поднесоа и писмени оставки до Собранието, но спикерот Вељаноски не ги стави на седница очекувајќи договор меѓу двете најголеми партии.
Сепак, Деловникот му овозможува на Вељаноски оставките да ги постави на било која од наредните седници и наместо преку Уставната категорија, пратениците на СДСМ да го загубат мандатот и на овој начин.

10.11.2014 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега