Преживеала хорор: Монахиња со години била силувана од свештеник
Нова афера во Римокатоличката црква во Австрија, монахиња била силувана од страна на свештеници.
Австријката Дорис Вагнер во својата книга обелодени дека осум години трпела злоставување во еден католички ред во Австрија, кому му пристапила кога имала 19 години.
Таа изнесе сериозни обвиненија против Римокатоличката црква, тврдејќи дека осум години ја силувал еден свештеник, поради што дури и се обидела да изврши самоубиство.
Пред три години таа го напуштила католичкиот ред и почнала нов живот, а денеска живее во брак и издаде книга во која ја опиша тортурата што ја претрела во манастирот, како и сите злоставувња и силувања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа