Мајката скршена од болка: Виолета и Викторија заминаа по цигари и веќе не ги видов

 
Родени сестри од Виена, 16-годишната Викторија и 17-годишната Виолета, во саботата навечер излегле од дома, а на домашните им рекле дека одат по цигари. Откако излегле низ вратата им се губи секаква трага. Со себе ги понеле и своите пасоши, па затоа полицијата се сомнева дека отишле да војуваат во Сирија.
 
Мајката на децата која е скршена од болка вели дека кога излегле од дома на себе имале само џемпери и дека не биле облечени според временските услови. Не однеле со себе ни нешто за лична хигиена ниту клучеви, па не се ни сомневала дека одат некаде на друго место. 
 
- Пред една година од рак сопругот ми замина на другиот свет, а сега и ова. Не знам како ќе соберат сили да го издржам ова. Се надевам само дека не заминале во војна, вели мајката.
 
По неколку часа откако случајот бил пријавен во полиција, биле лоцирани мобилните на двете малолетнички, но тие за жал не биле пронајдени.
 
- Сакам само едно, да ми јават барем дека се живи и здрави ако заминале, вели мајката низ солзи.
 
09.11.2014 - 22:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега