МОН: СДСМ се вплетка во тема што не ја разбира

Повеќе од очигледно е дека СДСМ навистина не ја разбираат, темата во која сами се заплеткаа, демонстрирајќи тотално непознавање на состојбите и процесите, кои се прават во насока на подигнување на квалитетот на образовниот систем во земјата.

Потворно потенцираме дека повеќе од 30тина издавачки куќи изработуваат и издаваат учебници врз основа на програмите на Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ, кои оваа институција на крајот ги одобрува.

Една од тие издавачки куќи е и “Нелсон“ чии учебници се прифатени и се користат во нашата земја од 1 септември и на кои е наведено името на издавачката куќа “Нелсон“, како и логото на институцијата без чие одобрение никако не можат да се користат, а тоа е Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ, кој пак е дел од Универзитетот Кембриџ и има ЕКСКЛУЗИВНО право да одобрува употреба на учебници изработени по неговите наставни програми.

Само со одобрение од страна на оваа институција, кое ние го поседуваме, учебниците можат да станат дел од еден национален образовен систем.

 

Оваа лага на СДСМ никогаш нема да стане вистина. 

(Интегрален текст од писмено соопштение на Министерството за образование и наука)

09.11.2014 - 21:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега