Комеморација за британските војници загинати во Првата светска војна

Делегација на Министерството за одбрана на Република Македонија, предводена од министерот Зоран Јолевски, денеска положи венец со свежо цвеќе на Британските воени гробишта во Скопје, во спомен на загинатите британски војници од Првата светска војна.

Службата за сеќавање на загинатите борци ја организираше Британската амбасада во Македонија. - Оваа служба е со цел да се потсетиме на сите оние од различни националности, воени лица или цивили, кои го изгубиле својот живот во војна или конфликт или за каузата за мир, информираше Амбасадата.  

На службата во чест на 117 војници на Велика Британија погребани во Скопје, присуствуваа и претставници на Армијата на Република Македонија и на  дипломатската заедница во земјава. 

09.11.2014 - 15:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега