Уште 40 стипендии од Владата за доквалификување на менаџери

Владата повторно доделува стипендии во износ од 500 евра за доквалификување менаџери според програмата на Универзитетот Шефилд. Од вкупно предвидените 40 стипендии, 25 се за стратешки маркетинг, а 15 се за финансии. 

Поддршката е дел од проектот што го иницираше Сојузот на стопански комори (ССК), а се реализира во соработка со Министерството за образование и наука (МОН) и Академијата за менаџери, еден од шесте факултети на Меѓународниот СИТИ Колеџ на Шефилд. 

Конкурост за стипендиите е објавен денеска, на интернет страниците на МОН и Академијата. 

- Продолжува поддршката на бизнис заедницата со цел продуцирање уште подобри, поуспешни кадри кои ќе овозможат поголема конкурентност и оперативност. Ги охрабрувам сите граѓани кои сметаат дека им е потребна надградба на нивното теоретско и практично знаење во конкретните области, да аплицираат и да ја искористат оваа бесплатна можност што ја нудат МОН и Академијата за менаџери, рече Ристовски на прес-конференција во ССК.

Според извршниот директор на ССК Митко Алексов, да се биде чекор пред конкуренцијата, значи да се биде иновативен, компетентен и квалитетн.

- Континуирана едукација на менаџерите во чекор со времето, води кон ефикасно работење и профитабилност. Квалитетно едуциран кадар, богат со знаење и визија, е гаранција за успех, потенцира Алексов.

Директорката на Академијата за менаџери Марија Наковска оцени дека иницијативата на бизнисот за доквалификација е исклучителна погодност за македонската економија.

- Сигурна сум дека кандидатите ќе извлечат бројни придобивки на професионално ниво, а нивното новостекнато знаење ќе придонесе за поголем квалитет во работата и воопшто, просперитет на компаниите, посочи Наковска.

За апликациите на конкурсот кои заедно со потребните документи се доставуваат до МОН, ќе одлучува координативно тело формирано од претставници на Министерството, Сити колеџот, Сојузот на стопански комори (ССК) и Академијата. Избраните кандидати ќе следат предавања организирани еден викнед во ноември или декември, зависно од модулот, во времетраење од 22 часа. Секој што успешно ќе заврши, стекнува сертификат од Меѓународниот факултет на Шефилд - СИТИ Колеџ.

Во изминатите две години преку 250 македонскки граѓани од различни стручни профили вработени во првиатниот и јавниот сектор,се доквалификуваа на Академијата за менаџери. 

09.11.2014 - 12:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега