Турска донација за Домот за стари лица во Берово

Домот за стари лица во Берово доби донација од постелнина, јоргани, чаршафи и перници од турски бизнисмени од градот Денизли, преку Aмбасадата на Република Македонија во Турција.  

На предавањето на донацијата во Берово присуствуваше и македонскиот амбасадор Горан Тасковски.

Домот за стари лица е сместен во реконструираната управна зграда на некогашното градилиште на ГП Пелагонија во Берово. Реконструкцијата на објектите и нивното уредување со 114.000 евра го помогна Фондацијата „Холандија - Македонија“.

На примопредавањето на донацијата присуствуваше и градоначалникот Драги Наџински, кој се заблагодари на амбасадорот Тасковски и на донаторите за донацијата и изрази надеж дека соработката со турските бизнисмени од Денизли ќе се прошири со нивни инвестиции во ТИРЗ Берово

- Во почетокот во Домот за стари лица во Берово ќе бидат сместени петнаесетина пензионери, но во наредниот период со додатни вложувања од Општината и од Министерстрството за труд и социјална политика неговиот капацитет ќе се зголеми и ќе овозможи згрижување на поголем број стари лица, изјави Наџински.

09.11.2014 - 11:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега