Утре ќе бидат промовирани програмите на Меѓународниот вишеградски фонд

Во Министерството за надворешни работи утре ќе се одржи промоција на можностите за учество на македонски субјекти во програмите на Меѓународниот Вишеградски Фонд за соработка со земјите од Балканот наменети за невладините организации и администрацијата.

Настанот ќе го отворат министерот за надворешни работи Никола Попоски, амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија Мартин Безак и извршната директорка на Меѓународниот Вишеградски Фонд Карла Вурстерова. На промоцијата ќе присуствуваат претставници на невладиниот сектор и администрацијата од Македонија.

Меѓународниот Вишеградски Фонд е институција на Вишеградската група која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, преку која се финансираат меки проекти за регионална соработка во областа на образованието, културата, младите, развојот на граѓанското општество и друго.

09.11.2014 - 10:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа