Денови на македонското културно наследство во Азербејџан

Од денеска до 11 ноември во Азербејџан ќе се одржат Денови на македонското културно наследство. Манифестацијата ќе се одржи во престолнината Баку и во градот Агсу, кој важи за културната ризница.   

Целовечерен концерт ќе одржи Културно-уметничкото друштво ,,Дримкол“ од Вевчани кое ќе презентира традиционални песни и ора, носии и обичаи од Македонија.

Професорот Рубин Земон, претседател на научниот совет на Институтот за социокултурна антропологија на Македонија ќе одржи предавање за богатото мултикултурно наследство на Македонија, со прикажување на неколку документарни етнолошки филмови.

Ќе биде поставена и изложба на современи фотографии од културното наследство на Македонија, подготвени во соработка со Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје.

Организатор и домаќин на манифестацијата „Денови на македонското културно наследство во Азербеџан“ е Организацијата за поддршка и истражување на културно наследство „МИРАС“ од Баку, Азербејџан, предводена од  проф. д-р Фариз Кхалили.

Деновите на македонското културно наследство се поддржани од Министерството за култура на Република Македонија.

09.11.2014 - 10:24
Фото: 
вест

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега