Запознајте ги Владо Јаневски и Калиопи одблизу

По неверојатниот успех на партнерство помеѓу Т-Мобиле, Калиопи и Владо Јаневски, во продажните салони на Т-Мобиле за сите фанови ќе се организира дружење во кое сите ќе уживаат.

Партнерството помеѓу Т-Мобиле, Калиопи и Владо Јаневски стартуваше со промоцијата на тарифата Play уште минатата година и продолжи со голема поддршка од нивните фанови.

Следејќи ја взаемната желба за дружење и комуникација во текот на кампањата, Т-Мобиле одлучи оваа позитивна енергија да ја искористи на задоволство и на нашите најпознати изведувачи, но и нивните фанови.

На овие средби сите кои ја сакаат домашната музика ќе можат да се дружат со своите идоли, да се фотографираат, да разменат мислења, да ги запознаат подобро.

Владо и Калиопи ќе ги очекуваат своите фанови во салоните на Т-Мобиле:

- на 10 ноември во Сити мол Скопје, од 18 до 19 часот

- на 14 ноември во Куманово, од 12 до 13 часот

- на 15 ноември, Капитол мол, од 18 до 19 часот

-Се радувам на овие средби, бидејќи уште од почетокот на нашето партнерство и дружење со фановите на промоциите за тарифата Play, сфаќате колку сте всушност блиски со сите и колку зборовите понекогаш се непотребни. Онаму каде што зборовите застануваат, музиката продолжува, изјави Калиопи.

Т-Мобиле низ годините е голем поддржувач на македонска музика, а ова партнерство е продолжување на политиката на Т-Мобиле Македонија за дополнителна вредност за своите корисници.

08.11.2014 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега