Задолжително прочитајте ја оваа вест ако планирате да возите

Според информација од ДГ Бетон АД, на делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник од 04-ти до 12-ти ноември се изведуваат градежни работи од 09:00 до 16:00 часот. Во овие периоди патот е затворен за сообраќај. Поради тоа, сите кои ќе патуваат кон Маврово ќе треба да го користат другиот патен правец преку Леуново и Никифорово.

Од 27.10.2014 година воведени се нови термини за одвивање на сообраќајот на патниот правец Скопје – Македонски брод низ Јасен.

-          во правец од Скопје кон Македонски Брод сообраќајот се одвива од 07:30 до 08:30 и од 14:30 до 15:30 часот.

-          во правец од Македонски Брод кон Скопје сообраќајот се одвива од 06:00 до  07:00 и од 16:00 до 17:00 часот.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

- Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес - Скопје (од З.П. Кула - до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

- На патниот правец А1 Гевгелија-Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента.

 - На патниот правец Велес-Штип се врши реконструкција и рехабилитација од депонијата Велес до с.Лозово.

- Од ГЕИНГ инжинеринг информираат дека за проектна документација за рехабилитација на државните патишта, од 19.08.2014 год. се започна со активности на патиштата,  односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи на следните патни правци:

-          на државен пат Р2343 (Р-502), делница Делчево – Голак

-          на државен пат  А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево

-          на државен пат  Р2335 (Р-512) и Р2336 (Р-514), делница Лажани – Ропотово – Црнилиште (Општина Долнени)

-          на државен пат Р1402 (Р-605),  делница од Старо Коњарево до Ново Коњарево

-          на државен пат  Р2335 (Р-512) делница Кривогаштани – Обршани – Воѓани

Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, а активностите се очекува да бидат со времетраење од 4 месеци.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

08.11.2014 - 10:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа