Црни униформи никнаа над Тетово

Лица во црни униформи без ознаки и обележја се заканувале на вработените во тетовското претпријатие Водовод. Освен закани, непознатите ги легитимирале граѓаните кои ги сретнале по пат. Овие информации за Журнал на албански јазик ги потврдил заменик-министерот за внатрешни работи.

Тие не се претставиле како припадници на некоја гарда, како што се шпекулира дека се членови на „гардата на Илирида“, изјавил Ќамили.

Но, нејасно е кој и зошто влева страв меѓу населението за наводна дестабилизација во државата. Ќамили смирува, од полициски аспект вели дека ситуацијата е стабилна. 

07.11.2014 - 18:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа