ФОТО: Братот на Станија се срами од неа

Братот на познатата српска старлета Станија отворено кажа што мисли за нејзините фотографии.

Иако старлетата во повеќе пригоди истакна дека нејзина најголема поддршка е семејството, сепак нејзиниот брат Сани во една емисија откри дека некогаш ја критикувал за разголените фотографии.

Тој вели дека знаел дури и да и се јави и да и каже дека „не е реално“ тоа што го прави.

- Кога ќе го отворам својот Фејсбук и листам, речиси секогаш налетувам на нејзина провокативна фотографија и полудувам. Ќе и се јавам и ќе и кажам: „Ајде реално кажи што правиш жено?“ Но што да правам со неа? Се ми стана ОК. Реално кој и да ја запознал во живо знае каков цар од девојка е таа и јас сум горд. А потоа и велам, сликај се, прави што сакаш, ти си кралица, искрено призна Сани.

07.11.2014 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега