Маж направил тест за дрога- останал шокиран кога дознал дека е труден
Возач на автобус од Египет, кој бил избран меѓу вработените од јавниот превоз за стандарден тест на дрога, се обидел да мами на тестот и наместо својот, го подметнал примерокот од урината на својата сопруга.
Она што не знаел е дека сопругата веќе два месеци му е трудна. Пред да му ја откријат новоста, властите побарале да потврди дали примерокот од урината е навистина негов.
Откако им потврдил, еден од службениците му ја соопштил радосната вест: „Честитам, трудни сте“, му рекол на египетскиот возач.
Египетските власти сметаат дека ова сепак е поучна приказна, од која може да се извлече добра лекција.
Дрогата во земјата станала достапна на сите, како цигарите, па во иднина властите ќе бараат крвни анализи, со цел да се спречи луѓето да носат лажни примероци од урина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа