МАНУ одбележува сто години од раѓањето на академик Александар Христов

Македонската академија на науките и уметностите денеска со свечен собир ќе одбележи 100 години од раѓањето на академик  Александар Христов (1914–2000).

Собирот ќе го отвори претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, пригодно излагање ќе одржи проф. д-р Симеон Гелевски, а за животот и делото на акад. Христов ќе зборува проф. д-р Драги Ѓоргиев. 

07.11.2014 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега