Забраната за пушење не важела во кафеаните во Чаир и Куманово

Четири угостителски објекти што вршеле угостителска дејност без упис во Централниот регистар се откриени во инспекцискиот надзор што вчера и завчера ги изврши Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) на територијата на општините Чаир и Куманово. Согласно Законот за угостителска дејност изречени им се решенија за привремена забрана за вршење дејност во траење од 30 дена Како што информираат од ДПИ, во пет угостителски објекти констатирано е непочитување на одредбите од Законот за заштита од пушење и за нив државните пазарни инспектори ќе донесат решенија за привремена забрана за вршење угостителска дејност во траење од 15 дена за правно лице и седум дена за трговец поединец.

Во моментот на надзорот во четири угостителски објекти затечени се осум физички лица што не го почитувале Законот за заштита од пушење и против нив ќе бидат покренати прекршочни постапки.

- За сторените неправилности на правните субјекти им се издадени платни налози во висина од 2.500 евра кои во рок од осум дена треба да ги уплатат во Буџетот на Република Македонија. Доколку платните налози не бидат платени во дадениот рок, против правните субјекти ќе бидат поднесени барања за поведувања прекршочна постапка до Основен суд – велат од ДПИ.

06.11.2014 - 22:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега