Министерот за економија Незаири: Не смее полицијата да оди заедно со УЈП во контрола на објектите

Со реакција за акцијата на УЈП во Чаир и Старата чаршија денеска излезе министерот за економија Беким Незири, пренесе Алсат.

„Министерството за економија, но и јас како министер, сме категорично против овие акции и лично на следната седница на Владата ќе побарам одговорност од тие кои ја организирале оваа акција со образложение дека тие што имаат дуќани во Старата чаршија, долги години работат во развивање на нивните бизнис, и ако за РМ Чаршијата е главна атракција ние како влада и министерство не смееме со големи полициски сили да правиме акции за фискални сметки. Се разбира дека во согласност законот на места каде УЈП, но и пазарната инспекција ќе наиде на отпор од сопствениците, тогаш во такви случаи се информира полицијата и тие треба да дојдат и да преземат таква акција. Но, без најави, во овој случај во неколку дуќани што ги посетив во ниту еден случај немало отпор и со самиот факт што овој дуќан денеска е затворен докажува дека тука немало отпор“, рече Беким Незири – Министер за економија за Алсат.

06.11.2014 - 22:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега