Ослободен Воислав Шешељ
Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија привремено го ослободи лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, за да биде лекуван во Србија, соопшти Трибуналот.
Според српските медиуми здравствената состојба на Шешељ е многу лоша. Откако му е дијагностициран рак на дебелото црево, утврдени се и метастази на црниот дроб и неопходно е тој итно да излезе од затвор за лекување.
Воислав Шешељ доброволно се предаде на Меѓународниот трибунал на 23 февруари 2003 година. Судскиот процес против него почна во 2007 година и се уште не е завршен. Тој е обвинет за воени злосторства во Хрватска, Босна и Херцеговина и Војводина во периодот од 1991 до 1993 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа