Обама му испратил тајно писмо на иранскиот ајатолах Али Хамнеи за заканата од ИД

 

Американскиот претседател Барак Обама минатиот месец му испратил тајно писмо на врховниот ирански духовен лидер ајатолах Али Хамнеи, во кое го подвлекол заедничкиот интерес на САД и Иран во борбата против групата „Исламска држава“, објави американскиот весник „Волстрит џурнал“.

Според весникот, писмото било пратено во средината на октомври и во него се подвлекувало дека САД и Иран имаат интерес да ја уништат ИД, дополнува ТАСС.

Во писмото се наведувало дека соработката меѓу САД и Иран во борбата против ИД е повразна со договорот постигнат меѓу Иран и другите земји, учеснички во преговорите за иранската нуклеарна програма.

Засега администрацијата на Обама не ја коментира информацијата на весникот, посочуваат британските медиуми.

Според податоците на  „Волстрит џурнал“, ова е најмалку четврта порака на Обама до иранскиот духовен лидер од 2009 година, дополнува ТАСС.

06.11.2014 - 20:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега