Судот донесе одлука: Воислав Шешељ на слобода

 

Судскиот совет на Хашкиот трибунал пред еден час донесе одлука со која лидерот на Српската радикална партија Војислав Шешељ ќе биде пуштен од затворот во Шевенинген.

Српските власти се обврзаа да обезбедат тој да може да се лекува во Белград и да нема никакви контакти со сведоците на Хаг кои живеат во Србија.

Одлукатa следи по влошената здравствена состојба на радикалот Шешељ во долгиот судски процес во Хаг.

06.11.2014 - 20:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега