Исчезнаа две сестри: Рекле дека одат по цигари, па заминале во џихад!
Две сестри од Виена со турско потекло, 16-годишната Викторија и 17-годишната Виолета, во саботата навечер излегле да купат цигари и исчезнале без трага. Со себе понеле пасоши, па постои сомнение дека заминале да им се приклучат на џихадистите.
Според зборовите на очајната мајка дека девојките во моментот кога заминале на себе носеле само џемпери. Не облекле јакни, не понеле клучеви, ниту пак земале нешто од нивните лични работи. Меѓутоа, подоцна мајката забележала дека недостасуваат нивните пасоши.
"Пред една година мојот сопруг почина од рак, а сега ми исчезнаа ќерките. Не знам како да го издржам сето ова. Само се надевам дека не заминале во "Света војна"", изјавила Сетанија, која истата вечер го пријавила исчезнувањето на своите ќерки.
Извор: Точка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа