Со орален секс се спаси од силувач

 

31- годишниот Хрват Т.Д. е обвинет за силување на 28-годишна чешка туристка и овој месец му претстои судење.  Силувањето се случило на велосипедска патека крај езеро каде девојката возела велосипед. Т.Д. ја следел со автомобил, а во еден момент и го попречил и патот. Излегол од возилото и започнал разговор, а кога тоа не му тргнало од рака ѝ ја нападнал.

Бидејќи неговото лице било прекриено со красти, девојката во страв од пренос на некоја болест, успеала да се оттргне од него и се обидела да го онеспособи силувачот. Додека се уште лежела на земјата, сакајќи да избегне поголеми последици по себе, во очај му понудила орален секс.

Насилникот веднаш се согласил на тоа, а кога ги спуштил пантолоните до колена, несреќната девојка почнала да бега. Успеала да се сокрие и да повика полиција.

По пријавата, силувачот бил уапсен, а при испрашувањето во полициска станица, утврдено е дека пред две години бил уапсен поради подметнување на пожар.

06.11.2014 - 17:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега