Директорот на АМС Спасески оствари средба со супервизорот на „Златен гонг“
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари средба со Сергеј Клемен од Белорусија, кој во Македонија е во функција на супервизор на 44-от меѓународен боксерски турнир "Златен Гонг".
На средбата се разговараше за за искуствата и успесите на македонските спортисти и идните насоки на дејствување во развојот на македонскиот бокс.
Спасески го запозна Клемен со вложувањата во македонскиот спорт и во спортската инфраструктура. Воедно, Спасески дополни дека Македонија, може да се пофали со најмногу освоени медали во боречките спортови, особено во боксот.
Сергеј Клемен истакна дека македонскиот спорт добро напредува и во иднина очекува идните млади боксери од Македонија да претставуваат фаворити на европските и светски првенства.
Клемен додаде дека во моментот од македонските боксери добро ги познава квалитетите на Вели Мумин и Примислав Димовски.
На крај од средбата Спасески се заблагодари за целокупната поддршка што Европската боксерка федерација ја посветува на развојот на боксот во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа