Животот на три сестри зависнички од хероин
Сестрите Валин, Аманда и Тифани се зависнички од хероин, па докторот Фил Мекроу, снимил видео од 24 – часовен надзор во нивниот дом кое го објавил во неговата емисија, а го виделе и нивните родители.
– Кога дознавме дека сите три се дрогираме, помисливме: „Можевме заедно да се дрогираме“. Секој ден земаме дрога, по пет, шест и седум пати дневно – раскажува најстарата од сестрите, Валин.
Сестрите се на возраст од 22 до 25 години. Валин се откажал од студирањето, Аманда се откажала од својот сон да стане забен техничар, а Тифани била успешна спортистка, но за жал сето ова станало минато бидејќи соновите на овие сестри и стремежот за да станат успешни во живот дрогата гу уништи.
– Штом се разбудам, првото нешто што го помислувам е дрогата. Како да сум венчана за неа – објаснува Валин.
Аманда вели дека ги пробала сите дроги па на крајот се одлучила за хероинот
– Хероинот е мој избор, се боцкам на нозете, затоа што сите други вени ми се уништени – открива Тифани за која дрогата е еден страшен затворен круг од кој не може да излезе.
Докторот Мекроу истакнува дека приказната не е монтирана, туку сестрите сами се согласиле да споделат еден ден со гледачите.
– Кога ќе земам хероин, температурата на моето тело се враќа во нормала.
Светот на дрогата е ваков, приказната на секој зависник мора да делува како најголем поттик за борба против овој порок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа