„Кој е Зоран Заев да го погази достоинството на бранителите?“

 

Здружението на бранители „Бедем“ остро ја осудува изјавата на Зоран Заев, новиот председател на СДСМ, во која ги израмнува Бранителите со припадниците на ОНА, истакнаа од здружението на денешната прес-конференција.

Според „Бедем“, на Заев не му е доволно јасно кој во 2001 година ја бранеше Република Македонија, кој го чуваше територијалниот интегритет и суверенитет. Недозволиво е, истакнаа од здружението, тој да го нарекува Законот за посебни права на Бранителите - политичка грешка и решавањето на бенефициите на оние кои ја штитеа Македонија, да го става во пакет со некакви права на оние кои ни ја напаѓаа државата.

-Кој е Зоран Заев да го погазува нашето достоинство и достоинството на оние кои ги дадоа своите животи за оваа држава. Додека тој уживеше во благодетите на неговите бизниси, луѓе умираа во Македонија, а цели семејства се завиваа во црно. Тој мора итно да се извини за својата изјава. Таа изјава е срамна и со неа длабоко не навредува. Ние ни на сон не очекувавме дека еден македонски политичар ќе даде таква изјава со која нас бранителите ќе не порамни со ние кои го рушеа суверенитетот и интегритетот на нашата земја, рекоа денеска од „Бедем“.

најчитано сега