Внимавајте- Нов вирус ги напаѓа уредите на Епл

Компјутерски вирус ги напаѓа уредите на Епл, вклучувајќи ги смартфоните Ајфон, таблетите Ајпад и компјутерите Мек, соопштија експертите за кибер заштита од компанијата „Пало алто нетворкс“.

Вирусот е наречен ВајерЛаркер, со кој веројатно досега се заразени стотици илјади апарати на клиенти на Епл, а истиот се проширил по големиот напад врз услугите Ајклауд на територијата на Кина минатиот месец, речиси веднаш по пуштањето во продажба на новиот Ајфон 6 на кинескиот пазар.

Според податоци на „Пало Алто нетворкс“, вирусот ги зафаќа компјутерите и таблетите преку преземање апликации од Маијади. 

Вирусот може да украде различни информации од заразените мобилни уреди и да прима барања од серверот, кој го имаат под контрола оние што го изработиле вирусот, наведуваат експерти на компанијата.

Со новиот вирус се заразени повеќе од 400 апликации на Мек, кои биле преземени повеќе од 350 илјади пати.

 

06.11.2014 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега