Ништо од новогодишен одмор - нема спојување на Нова Година и Божиќ

За Новата 2015 година нема да има спојување на неработни денови, неработен ден ќе биде само 1 јануари четврток и 7 јануари среда - прв ден Божиќ.

Од кабинетот на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов велат дека кај нас не се предвидени спојувања на деновите за празниците. 

- Согласно Законот за празниците на Р. Македонија, кај нас нема да има спојување на празниците околу Нова година и Божиќ - велат од кабинетот на министерот.

06.11.2014 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа