Морски плодови и риба - како се хранат македонските политичари

И политичарите внимаваат што јадат, сакаат здраво да се хранат, се случувало често да побараат совети од мене без разлика дали имаат проблеми со тежината, или имаат здравствен проблем. Дел од нив не бараат причина, едноставно сакаат да го променат начинот на живеење, вели нутриционистката Тања Турунџиева, пренесува Вечер.

 Морски плодови, како и свежа и замрзната риба ќе се служи во собранискиот ресторан, ресторанот на Владата и во Клубот на пратеници. За октоподот, шкампите, лигните и другите морски плодови ќе бидат потрошени речиси 7000 евра. Службата за општи и заеднички работи објави оглас за набавка на свежа и замрзната риба и морски плодови, а за набавката ќе користи електронска аукција. „Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапка. Предмет на аукцијата е вкупната цена на предметот на договорот за јавна набавка со сите вклучени попусти без данок на додадена вредност, односно најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма по целосната оценка на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во електронскиот систем за јавни набавки.

 

о поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; како и интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени). Владата и Министерството за здравство ја започнаа кампањата за здрава храна откако добија сигнал од Институтот за јавно здравје дека речиси половина од младата популација е со зголемена телесна тежина или дебели. Во таа насока, деновиве во функција е новата мобилна апликација superfit.mk со чија помош може да се испланира и да се следи исхраната и физичката активност.    Нутриционистката Тања Турунџиева открива дека покрај многуте јавни личности, и политичарите честопати бараат совети од неа за здрава храна.  -Ја поздравувам одлуката за набавка на свежа и замрзната риба и морски плодови, затоа што во секој случај рибата е поздрава од месото. Добро е што и Владата ја следи кампањата за здрав живот, што испраќа позитивна порака до граѓаните.

И политичарите внимаваат што јадат, сакаат здраво да се хранат, се случувало често да побараат совети од мене без разлика дали имаат проблеми со тежината, или имаат здравствен проблем. Дел од нив не бараат причина, едноставно сакаат да го променат начинот на живеење, додава Турунџиева. Покрај здравата исхрана, нутриционистите потсетуваат дека редовната физичка активност го подобрува човечкото здравје. Сведоци сме дека нашите политичари редовно наоѓаат време за спорт, а девизата "Во здраво тело здрав дух# ја применуваат и светските лидери. 

05.11.2014 - 23:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега