Сиднеј: Извикале „ИД ќе живее вечно!“ и му пукале во глава
Пред шиитската џамија во Сиднеј во Австралија е извршен вооружен напад во кој една личност е ранета во глава.
Aгенцијата „Анадолу“ јавува дека 47-годишниот Ресул Ел-Мусави бил ранет откако поминувал покрај џамијата во местото Гринеикр во Сиднеј.
Ел-Мусави е ранет во пределот на главата кога непозната личност пукала во него од возило во движење.
Извори од болницата соопштија дека ранетиот не е во животна опасност, додека пак полицијата во Сиднеј се уште не ги знае мотивите за нападот.
Очевидците кој сакал да остане анонимен изјавил дека лицата кои го управувале возилото извикувале „ИД ќе живее вечно“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа