ФОТО: 16-годишното момче кое ја уби својата професорка осудено на доживотен затвор
Вил Корник (16) е ученик во католичкото училиште во Лиса, кој минатата пролет со нож ја уби својата професорка по шпански јазик, Ен Мегвајер (62).
Тој сега доби затворска казна во траење од најмалку 20 години, со забелешка дека детето можеби никогаш нема да излезе од затвор.
Судот објаснува дека доживотната робија, може да следи поради тежината на злосторството кое го извршил и поради тоа што тој не покажува ни тронка каење.
„Индипендент“ пишува дека пред да го изврши убиството на Корник гледале како на типичен тинејџер, иако тој лани пред Божиќните празници испраќал пораки на Фејбук во кои најавувал дека сака да ја убие својата учителка по Шпански јазик во училница.
Според тврдењата на обвинителството, Корник сакал да биде уапсен и остатокот од својот живот да го помине во затвор, за да не мора да се грижи за остатокот на својот живот ниту за финансии.
Професотката ја викале „мајка на училиштето“, во кое поминала четири децении и била пред пензија. Корник ја убил со тоа што седум пати ја избодел со нож во пределот на вратот, додека децата врескале. Тој потоа седнал во клупата и незадволно рекол дека е штета што таа одма не умрела.
По убиството на психијатрите им рекол дека баш му е гајле за болката која им ја нанел на семството на жртвата и дека не се кае што ја убил.
-Знам дека ќе бидете вознемирени, а мене баш ми е гајле. Што се однесува до мене, се што направив е сосема во ред, изјавил младиот убиец.
Со професорката по шпански јазик влегол во конфликт кога таа му забранила да оди на излет кој го организирал училиштето, затоа што не напишал домашна. Неговите соученици тврдат дека убиената професрка со него се однесувала како со сите останати ученици.
-Таа е вистинска е***а кучка! Заслужува болна смрт, поболна од се што можете да си замислите, напишал Корник два месеци пред да го изврши убиството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа