Бојко Борисов доби мандат да состави нова Влада на Бугарија

 

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев денеска му го врачи мандатот за формирање на нова влада на лидерот на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов, кој е номиниран за премиер од најголемата парламентарна група во Народното собрание. 

ГЕРБ и Реформатирскиот блок (РБ) постигнаа договор Борисов да биде премиер, како и за составот на владиниот кабинет.

Според Уставот, кандидатот за премиер има рок од седум дена да предложи влада. 

- Во текот на денешниот ден ќе знаеме дали сме во состојба да формираме влада, така што утре ќе знаеме дали ќе го вратиме мандатот или ќе предложиме кабинет, изјави Борисов.

05.11.2014 - 14:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега