Шест видови убијци кои демнат на Фејсбук
Најновата студија која беше спроведена на Универзитетот Бирминген им дозволи на криминолозите за прв пат да направат прфил на убијците кои своите жртви ги демнеле на социјалната мрежа Фесјбук.
Тие се сконцентрирале на Фејбук пријателите, нивните слики, насмевки...Дали некој убиец се крие зад тие фацијални изрази?
Пред неколку дена, беше објавена целата студија, а криминолозите откриле дека 26 од 48 таканаречени „Убиства на Фејбук“ се случиле во Британија.
Убијците го користеле Фејбук за да го демнат пленот, па зборувале за своите фантазии пред да ги повикаат на состанок.
Во денешното модерно општество, начинот на кој се претставуваме на интернет и она што навистина сме, најчесто е различно за „милиони светлосни години“.
Професорот Дејвид Вилсон и Др. Елизабет Јардли од центарот за применета криминологија на Универзитетот Бирминген, ја објавија студијата со наслов „Фејсбук убиства-случаеви од 2008-2013 година“, при што категоризираа 6 вида на Фејсбук убијци:
ИНФОРМАТОР: (22,9% од убиствата на Фејсбук)
Вил Корник, кој пред некој ден беше осуден за убиството на својата учителка Анн Магури припаѓа на оваа категорија. Тој го користел Фејсбук за да предупреди дека ќе го изврши убиството, пред навистина да го изврши. Повеќе од 4 месеци, Корник им кажувал на своите пријатели на Фејбук дека фантазира за „брутално убиство“ на неговата учителка по шпански јазик.
ОНОЈ КОЈ РЕАГИРА ВЕДНАШ (27,1% од убиствата на Фејсбук)
Ваков пример е случајот на Вејн Фростер кој во 2004 година ја распарчил неговата сопруга со касапски нож. Имено, тој бил испровоциран кога таа го сменила својот статус на Фејсбук во „слободна“. Дента пред да ја убие тој заминал кај нејзините родители и се пожалил за промената на Фејбук, тврдејќи дека тоа ја прави да изгледа како будала. Криминолозите откриле дека главните причини за актот е секусланата интимност, љубомората и желбата за одмазда.
АНТАГОНИСТ (16,7% од убиствата на Фејсбук)
Овие луѓе се непријателски настроени, а тоа прераснува во насилство. Во 2010 година, 18-годишниот Салум Комбо беше избоден до смрт на улиците на Лондон, од страна на поранешен пријател. 15-годишниот убиец, чив идентитет беше заштитен, го убил својот пријател откако на Фејбук размениле навреди во низа расправии.
МЕЧТАТЕЛ (12,5% од убиствата на Фејсбук)
Бтанскиот банкар, Рурик Катон Јатнг изминатава недела убил две жени во својот стан во Хонгконг, а тој совршено се вклопува во оваа категорија
Линијата помеѓу фантазијата, како што се наведува во студијата, и реалноста станува матна.
На пример, Марк Твитчел, кој уби маж во својата „соба за убивање“ инспирирана од серијата Декстер. Тој дури направил и Фејбук профил во кој се преправал дека е лик кој ги подготвува своите убиства онлајн.
ПРЕДАТОР (12,5% од убиствата на Фејсбук)
Во 2010 година, Питер Чарман беше осуден на 35 гофини затворска казна, откако направил лажен профил на Фејсбук претставувајќи се како згоден тинејџер. Така тој ја „уловил“ 17-годишната Ешли Хол која подоцна ја убил. Во реалноста тој бил 33-годишен маж без заби, претходно осуден за силување во два наврати, кој живеел во својата кола.
Анализата посочува дека предаторите ја демнат својата жртва, ги таргетираат нејзините слаби страни со цел да воспостават врска.
НАТРАПНИК (8,3% од убиствата на Фејсбук)
Овие луѓе често се поврзани со семејно насилство, а по убиството сеуште го ажурираат статусот на жртвата на Фејбук за да си создадат алиби, односно да претстават како жртвата сеуште да е жива.
Во 2010 година, во Западен Јоркшир, Андреј Линдо го убила својот партнер, па потоа напишала статус на Фејсбук во која најавила дека тие двајца заминале да живеат на Канарските острови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа