ФОТО: Пијан полицаец ми го смени личниот опис
Полицаец брутално го претепа мојот син. Му го смени личниот опис. Со вакви обвинувања една жена излезе во српските медиуми. Според неа, инцидентот се случил пред локално кафуле кога полицаецот излегол пијан од автомобил и почнал да го тепа детето.
„Мојот син некако усепал да стане и да побегне. Полицаецот го бркал, но тој успеал да стигне до дома. Беше целиот крвав и отечен. Очните капилари му беа испукани а целата облека му беше крвава“ - раскажува вознемирената мајка.
Брзата помош во Нови Пазр му укажала прва помош и констатирала тешки телесни повреди меѓу кои и скршен нос.
Полицаецот бил уапсен и во полициска станица признал дека го претепал 18 гоишното дете. Полицијата води постапка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа