„Од врата на врата“ - ЈП Водовод и канализација ќе им помага на корисниците

 

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ почнува голема акција со крајна цел- да им се помогне на граѓаните-корисници и да се надминат проблемите. Директорот Бојан Василевски истакна дека акцијата насловена како „Од врата на врата“  е предвидено да се одвива истовремено во сите општини, во претпладневните и попладневните часови, со предвидена динамика  и се очекува да заврши за околу три месеци - четири месеци.

-Во наредните неколку месеци инкасаторите, вработените во Јавното претпријатие ќе имаат задолжение да го посетат секој дом во Скопје, да им понудат на корисниците нови договори. Со тие договори, да ги ажурираме нашите податоци, за понатаму сервисот кон тие корисници на вода да биде благовремено  достапен во секое време. Сметките да доаѓаат на вистинската адреса и на вистинските корисници на вода, рече Василевски.

На корисниците ќе им биде доставен Договор за водоснабдување и одведување на урбани отпадни води кој треба да биде потпишан од страна на сопственикот на објектот (станот или куќа) при што истиот е должен да поднесе на увид лична карта, документ за сопственост односно имотен лист, купопродажен договор или пак наследно решение.  

 

05.11.2014 - 12:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега