Канта автомобили го загадуваат Скопје

 

Закрчени сообраќајници што водат до и низ центарот на Скопје во шпицовите кога скопјани одат или се враќаат од работа. Наредени возила лазат едноподруго и дестинација од еден километар ја поминуваат за 10-15 минути.  Возилата работат во место и испуштаат штетни гасови. Ова е секојдневната слика во македонската метропола, која предизвикува загадување на воздухот со штетни честички кои ги дишеме сите.  Како мерки за намалување на загаденоста од Министерството за животна средина препорачуваат граѓаните да користат јавен превоз, да не се користат возила без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал, како и правилно користење на печките за дрва, пишува Вечер.

Дека сообраќајот е еден од факторите за загадениот воздух во Скопје потврди и градскиот татко, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во Неделното интервју на Радио Слободна Македонија.  - Има повеќе чинители кои можеме да ги класифицираме во неколку групи на поголеми или помали загадувачи на воздухот, но не би можеле да кажеме кој со колкав процент учествува во тоа. Секако, сообраќајот е еден од факторите за загадувањето. Има повеќе сфери во кои можеме да делуваме. Тука, секако, е градењето на пошироки булевари, со кои се зголемува проточноста на сообраќајот и градење на раскрсници на две нивоа. Важно е и какви возила се возат низ градот. Благодарение на Владата, Градот Скопје набави нови автобуси со Еуро 5 стандард, а дополнително се преземаат мерки за ограничување на увозот на автомобили кои не ги исполнуваат стандардите за здрава животна средина - вели Трајановски.

Вечер направил анализа колкав број и какви возила се движат низ главниот град. Повикувајќи се на статистичките податоци објавени во публикацијата "Транспорт и други услуги 2013" што ја објави Државниот завод за статистика, во земјава на крајот на минатата година биле регистрирани 346.798 патнички автомобили и во споредба со 2009 година, бројот на возила за 5 години пораснал за 64.602. 

Целата анализа прочитајте ја во Вечер

05.11.2014 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега