Декан на лажен факултет заработи 16 години затвор

 

Судот во Сан Франциско вчера осуди една жена на 16 години затвор, под обвинение дека формирала и водела лажен универзитет, кој служел како параван за влез на нелегални имигранти во САД.

Во пресудата се наведува дека Сузан Сјао Пинг-Су, основач и декан на лажниот универзитет „Трај-Вели“ мора да се откаже од парите кои ги добила на нелегален начин во износ од 5,6 милиони и да плати 900 илјади долари за надомест на штетата.

Таа во март е прогласена за виновна за измама со визи и по други точки од обвинението.

Неколку лица вработени на универзитетот „Трај-Вели“ на судењето сведочеа дека факултетот ја нема потребната дозвола за запишување студенти, ниту за издавање дипломи и дека Су повеќепати од вработените барала да фалсификуваат транскрипти и други докуементи. 

Обвинителството наведе дека Су продавала документи, кои им овозможувале на странците, претежно од Индија да добиваат виза за престој и работа во САД.

05.11.2014 - 09:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега