„Додека ги погребував ќерките ми јавија дека сум добил син" - таткото скршен од болка

Ксенија Николиќ која се соочи со огромна трагедија откако двете дечиња и изгореа во пожар, вчера на свет го донесе своето синче. 

- Терминот за породување беше 9 ноември но поради стресот пациентката се породи предвреме. бебето е во одлична состојба, вели извор од болницата за српскиот Ало.

Таткото кој пред два дена остана без своите ќеркички вели дека не знае дали да се смее или да плаче. 

- Кога добив син за момент почуствував радост, а потоа како некоја грутка да ми застана во грлото. Сега не знам дали да ги погребам ќеркичките и да плачам за нив или да се радувам за бебето, вели тој скршен од болка.

Инаку, пожарот настана откако мајката отишла да наполни вода од бунарот, при што ги оставила 2-годишната Мирјана и 3-годишната Драгица дома.

05.11.2014 - 09:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега