Министерот Попоски на министерка конференција за ЈИЕ во Берлин
Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, на покана на шефовите на германската и на британската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмајер и Филип Хамонд, денеска ќе учествува на Шестата Конференција на министри за надворешни работи од Југоисточна Европа, која се одржува во организација на реномираниот германско - американски Институт „Аспен“ во Берлин.
Како што соопшти МНР, министерската конференција е тематски фокусирана на процесот на проширување на ЕУ, реформите и регионалната соработка. Се очекува да се дискутира и за значењето на економската соработка и инфраструктурната поврзаност како важни предуслови за повеќе инвестиции, економски раст и развој на Балканот.
Престојот во Берлин, шефот на македонската дипломатија ќе го искористи и за одделни средби со германски пратеници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа