Зошто најдобрите жени секогаш бираат погрешни мажи?
Сигурно познавате жена која е добра, мила, згодна способна и паметна, но секогаш завршува во врска со маж кој е проблематичен и кој не и дава онаква љубов каква што и е потребна. Можеби дури и сте се обиделе да и укажете на лошиот избор, но како по некое правило, тоа завршува безуспешно.
Таквите жени рационално знаат дека партнерот не е добар за нив, но едноставно не можат да се откажат од него.
Зошто, што се случува?
Што повеќе вложуваат, жените стануваат се по поврзани
Кога жената не ја добива љубовта и вниманието кое го сака, потполно природно и се гледа да вложи повеќе. Значи, жената се повеќе вложува во односот, но останува разочарана и повредена. Нејзиното вложување е обид да поправи или да создаде поголема поврзаност со партнерот. Психологот Џереми Николсон тоа го нарекува „лоша инвестиција“.
„Кога за друга личност правите услуга и добро се однесувате кон неа, почнувате истата личност се повеќе да ја сакате и да ја цените. Вие тогаш правите се што треба да се направи и чекате и другата страна да направи нешто убаво за вас. Но тоа не се случува бидејќи другата страна не инвестира. Ништо не дава. Инвестирате само вие и тоа залудно.“ - вели Николсон
Жената која толку инвестира треба да застане и да се праша, зошто толку давам. Ако во темелите на односот нема взаемна љубов, почит и обврски, инвестирањето во односот па дури и преку мера нема да доведе до тоа другата страна повеќе да е сака. Резултатот ќе биде уште поголема ваша поврзаност но и разочараност која со време само повеќе ќе расте.
Прифаќаме љубов каква што мислиме дека заслужуваме
Можно е да бирате врски во кои се повторува недостапност, одбивање и во кои ве напуштаат. Тоа веројатно се емоции кои сте ги почувствувале во детството или во првите љубовни врски. На некој начин, во познатите сценарија, барате утеха дури и во однос кој ве боли. Проблем е што таквите односи со време се повеќе го нарушуваат вашето самопочитување. Што подолго сте во таква врска, тешко ви е да излезете. Потребно е понекогаш да ја препознаете негативната динамика на односот и да го напуштите без разлика колку сакате да останете и да ја „поправите“ ситуацијата.
Не заборавајте на својата вредност. Штом прифатите нешто што не е достојно за вас, ќе добивате се помалку. Тогаш кога ќе се покажете толерантни кон непочитувањето, градите темели за нездрава врска.
Хемијата има силно влијание
Некои истражувања покажуваат дека во организмот засилено се лачат хормони на стрес кога партнерите се оддалечени.
Во такви околности во жената се буди нагон по секоја цена да му се приближи на со кој сака да биде, бидејќи таа блискост ја намалува анксиозноста која ја чувствува.
Тоа е многу слично со било која зависност. Повторното зближување поттикнува лачење на окситоцин кој дава пријатно чувство. Значи, жената чувстува страшна напнатост кога партнерот ќе се оддалечи и се што сака е таа напнатост да попушти. Значи, исто како дрога.
Таа жена го спасува и лошиот однос, но не од љубов и позитивна мотивираност, туку поради болката од одвојувањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа