Прием кај претседателот Иванов по повод прогласувањето на Чемерски за почесен член на Руската академија
Македонија е мајка која отсекогаш давала големи луѓе кои го менувале светот, кои просветлувале, создавале и оставале трајни вредности и горди сме што еден од нив е академскиот сликар Глигор Чемерски кој е признат и препознен во светски рамки.
Ова го истакна претседателот Ѓорге Иванов кој вечерва го прими академик Чемерски по повод неговата инаугурација во почесен член на Руската академиија на уметностите - Императорска.
Според претседателот прогласување на Чемерски за почесен член претставува извонреден успех за него, но и за македонската уметност и култура.
По повод приемот, во Кабинетот на претседателот се изложени дел од 43-те дела на академик Чемерски, кои, како што вели тој се дружат со двата негови мозаика. Според Чемерски тоа значи дека она што го творел не само што не е заборавено и запоставено, туку и живее секој ден во салата во која Претседателот одржува многу средби и носи важни одлуки.
- Меѓу двата мозаика на мојот живот еден релативно мал број слики ми делуваат многу посилни, истакна на приемот Чемерски.
Навраќајки се на неговиот живот истакна дека кога ќе погледне наназад не само што животот му изгледа многу долг, туку во некои периоди, како што рече, ми изгледа како натегнат на јарболот на времето и тетивата на просторот.
Честитики за признанието упати и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која истакна дека тоа претставува потврда дека неговото петдецениско творешно е единствено и неповторливо во ликовната уметност не само кај нас, туку и многу пошироко.
- Глигор Чемерски е еден од неколкумината македонски уметници кој успеа својот творечки дијалог со различните културни и цивилизациски слоеви да го прослави низ целиот свет афирмирајќи ја Република Македонија како земја со непроценливо културно наследство и со своите авторски остварувања тој на симболичен начин ја раскажа приказната за Македонија и понуди на светот силни аргументи за нејзината долга културна и духовна историја, рече Канческа-Милевска.
Академик Глигор Чемерски на 27 март годинава, во Москва беше инаугуриран во почесен член на Руската академија на уметностите - Императорска. Излложените дела Во Кабинетот, од 10 декември годинава до 10 јануари следната година ќе бидат изложени во московската галерија Зураб Церетели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа