Голем астероид се движи кон Земјата!

 

Со помош на телескопот од московскиот Универзитет, откриен е голем астероид, кој потенцијално може да удри во Земјата. Ако дојде до таков судар, експлозијата ќе биде 1.000 пати појака од таа кога метеорит падна во Челабинск во 2013 година.

Со помош на телескопот инсталиран во градот Кисловодс, забележан е вселенскиот камен, именуван 2014 УР116. Се проценува дека речникот на овој астероид му е 370 метри, што е повеќе од познатиот астероид Апофис.

Кога руските астрономи го виделе објектот, ги претиле податоците до колегите во центарот Мајнор Планет и опсерваторијата Смитсонианс Астрофизикал. Откриено е дека орбитата на 2014 УР116 осцилира бидејќи проаѓа покрај Венера и Марс, па гравитацијата на тие планети може да влијае на неговото патување.

Кога метеоритот експлодира на Челабинск минатата година, енергијата од експлозијата е проценета на 300-500 килотони ТНТ, а тој беше многу помал (17 метри пречник) и експлодирал на висина од 20 километри.

Сударот на 2014 УР116 со Земјата би бил катасрофален, се наведува во списанието Сајентифик Русија.

Но добрата вест е тоа што овој астероид не пратставува опасност за Земјата, барем не во наредните шест години.

Во меѓувреме, ни се закануваат други два астероиди 2013 СВ24 и 2013 УГ1, со пречник од 220 метри.

 

04.11.2014 - 18:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега