Македонскиот туристички производ претставен на интернационален саем во Англија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) од 3-ти до 6-ти ноември годинава ја промовира Македонија и македонскиот туристички производ на интернационалниот саем за туризам World Travel Market во Лондон, Англија.
Република Македонија за прв пат учествува на овој саем, а учеството е во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Република Македонија пред Англиските туристи ќе се претстави како привлечна дестинација за патување за кои дополнителна предност е и дирекната линија на Wizz Air, Скопје-Лондон (Luton).
Денес, АППТ организира коктел и дегустација на македонската традиционална храна и вино.
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Кристијан Џамбазовски, оствари средби со Thomas Cook, претставници на ABTA (Британска асоцијација на тур оператори) и туристичките компании Global Travel Investment како и Europo-american investment corporation кои пројавија интерес за ивнестиции во спа туризмот.
Учество на македонскиот штанд имаат туристичките агенции Ториа, Визит Мацедониа, Македонија травел, Амбасадор Мак, Клинички центар, како и Асоцијацијата за дојдовен туризам кои на туристичките работници од Англија, Европа и светот им презентираат квалитетни понуди и атрактивни туристички производи од Македонија.
Со оваа саемско промовирање се прават напори да се отвори уште еден туристички пазар со цел зголемување на бројот на странските туристи во Македонија која е промовирана и во каталогот на WTM, како и онлајн промоција на официјалната страна на саемот.
Светската туристичка берза WTM годинава се организира по 35-ти пат и ќе биде форум за презентација на 186 земји/региони со приближно 698 штандови и 4,903 излагачи/компании од областа на туризмот. Ќе учествуваат и рекорден број на трговски професионалци (околу 22,100) како и 8,544 купувачи и 2,888 новинари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа