Тачи: Се уште има простор за договор за стабилни институции во Косово

 

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави денеска дека има уште простор за договор за да се формираат стабилни институции во корист на развојот и интеграциите на Косово.

- Се надевам дека политичката криза ќе биде надмината од страна на оние политички лидери кои се заинтересирани за изградба на институциите врз основа на изборните резултати и одлуки на Уставниот суд, изјави Тачи во Приштина, по отворањето на регионалната конференција за безбедност на границите.

На собирот учествуваат претставници на полицијата и царината од земјите во регионот, со исклучок на Србија.

Според него, единствен начин за надминување на ваквата ситуација е дијалог за кој се залага и претседателката на Атифете Јахјага.

Тачи побара од лидерите на политичките партии да се издигнат над личните и партиски интереси и да го земат предвид националниот и општествениот интерес и евроатлантските интерграции на Косово.

04.11.2014 - 15:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега