Мексико: Убиени шеф на безбедносна служба и неговата сопруга

 

Регионалниот шеф за безбедност на пограничната мексиканска сојузна држава Тамаулипас, Рикардо Нино Виљареал е убиен заедно се неговата сопруга.

Како што соопштија на локалните власти, брачната двојка Виљареал паднала во заседа при што биле убиени додека патувале со автомобил кон соседната држава Нуево Леон.

Возилото било забележено од случајни минувачи, кои ја информирале полицијата.

Виљареал бил шеф за безбедност во областа околу градот Нуево Ларедо, која се смета за упориште на злогласниот нарко-картел Зета, кој е во судир со нарко-картелот Гулф.

Околу 2.000 жители на Тамаулипас се собрале во Суедад Викторија, главниот град на оваа мексиканска држава, протестирајќи поради убиствата и исчезнувањето на луѓе.

04.11.2014 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега