Кратка ли ќе биде авантурата на Врба во МЗТ Скопје?

Легендарниот Врба најверојатно ќе ја прекине кратката авантура со МЗТ Скопје, откако македонскиот шампион претрпе уште еден висок пораз од тимот на Цедевита, пренесува Спортмедиа

Порталот дознава дека Врбица Стефанов бил разочаран од играта на кошаркарите, особено во четвртата четвртина кога речиси цели пет минути не успеаа да постигнат кош од игра. 

Во соблекувалната имал емотивен настап, и понудил да си замине, акот тоа е патот да се подобрат работите во тимот. 

Дека нешто не е во ред покажа и непојавувањето на Стефанов на задолжителната прес-конференција на која пред новинарите излезе помошникот Александар Јончевски. Веднаш потоа, тој замина на состанок со управата на клубот на кој челниците на сино-белиот тим најавија обид за негово пишманување.

03.11.2014 - 17:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега