ФОТО: Уапсена 18-годишна мајка- си го сликала детето закачено на закачалка
Алексис Бриден од Вирџинија, САД, е уапсена откако на Фејсбук се појавила фотографија од нејзиниот 14-месечен син закачен на закачалка.
Детето е расплакано и вознемирено, закачено на закачалка на врата, со блузата истегната околу вратот.
Фотографијата на социјалната мрежа ја поставил таткото на детето, по караница со Алексис.
Останатите корисници ја споделиле сликата, која стигнала и до локалниот шериф.
Потоа 18-годишната мајка била уапсена поради насилство, но ослободена со кауција од 2.500 долари.
Бриден се соочува со обвиненија за злоупотреба на дете.
03.11.2014 - 14:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа