Хорор наместо екскурзија: Се преврте полски автобус полн со ученици - еден загинат 28 повредени
Полски автобус со ученици се преврте во германската провинција Баварија во близина на градот Инголштад. Повредени се 28 деца, а една учителка загинала.
Двајца други наставници се здобиле со тешки повреди и биле одведени во блиската болница.
Дваесет од повредените 28 деца се полесно повредени.
Во автобусот имало 43 патници и двајца возачи. Учениците оделе на екскурзија во Франција.