Силувана девојка за време на Ноќта на вештерките

За време на Ноќта на вештерките 22-годишна девојка е силувана во Манчестер од група маскирани тинејџери, соопшти британската полиција.

Станува збор за четворица помлади тинејџери, кои носеле маски „Скрим“, според истоимениот хорор филм. Тие ја нападнале девојката која сама се враќала дома од прославувањето на Халовин (Ноќта на вешттерките), прво соборувајќи ја на земја, а потоа ја силувале.Таа им давала отпор на напаѓачите, но не успеала да го спречи силувањето. Подоцна таа повикала полиција, која само можела да го констатира сексуалниот напад.

Започната е потрага по напаѓачите, откако жртвата ги опиша како „млади тинејџери“ облечени во црна облека.

Девојката е пренесена во болница, а полицијата соопшти дека таа претрпела шок поради нападот.

Ова не е првпат Ноќта на вештерките, кога младите се маскираат и не може да се препознаат, да се искористи за криминални дела, најчесто за грабежи и провални кражби или за сексуални напади и силувања.

03.11.2014 - 12:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега